Обвинителство МОЛЧИ КОГА ИМ СЕ МЕША ЗАЕВ, но се попарија од изјавата на Пендаровски

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинителство МОЛЧИ КОГА ИМ СЕ МЕША ЗАЕВ, но се попарија од изјавата на Пендаровски

Државниот јавен обвините Јовевски се најде прозван и навреден од вчерашната изјава на претседателот Пендаровски кој изнесе низа забелешки на работата на Обвинителството во случајот Рекет па, помеѓу останатото, и тоа што за еден ваков крупен случај не е дозвиливо да се прави пауза затоа што обвинителката Вилма Рускоска требало да оди на одмор. 

Во ниту еден случај досега кога премиерот Зоран Заев објавувал ставови па и налози за дејствување за работата на обвинителството Јовевски и самото обвинителство не се бунеа зошто шефот на извршната власт Заев се меша во работата на Обвинителството, па дури ни тогаш кога Заев лично, без никаков правен и политички основ, си дозволи да изјави дека “решено е“ нов шеф на обвинителството за организиран криминал и новото СЈО да биде Вилма Рускоска.

Еве дел од реаклцијата на Обвинителството

Од обвинителството велат дека ако сакал Пендаровски да ги поддржи треба да ги повика пратениците да гласаат за законот за ОЈО.

Не е време за напади на институциите и нема да дозволиме дискредитирање на обвинителите и мешање во кривични постапки од страна на политичарите, реагира Јавното обвинителство.

„Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото“, се вели во соопштението од ЈО.

Обвинителството потенцира дека за посочениот предмет, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот.

„Уште еднаш потенцираме дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите“, велат од ЈО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата