Хеликоптер принудно слета на Камчатка, тројца повредени

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хеликоптер принудно слета на Камчатка, тројца повредени

Најмалку три лица се повредени при присилното слетување на хеликоптерот Мил Ми-8 во рускиот регион Камчатка, изјави денес заменик-премиерот Сергеј Хабаров за ТАСС.

„Во несреќата повредени се три лица. Две имаат скршени нозе, додека третото се здоби со повреда на вратот “, рече Хабаров.

Патниците во хеликоптерот биле туристи кои планирале да останат во туристички центар кој се наоѓа на брегот на реката Жупанова.

Хабаров додаде дека е испратен хеликоптер со членови на спасувачката служба за да се евакуираат туристите.

Регионалната филијала на Агенцијата за воздушен сообраќај започна истрага за да се открие причината за присилното слетување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата