Утре попладне и во текот на ноќта најпрвин во северните делови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи, соопти Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер, над 70 километри на час.

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за 5 до 8 степени.

извор: Makfax

5

Најчитани вести