Евакуирани 121 лице од насукан брод на Белото Море

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евакуирани 121 лице од насукан брод на Белото Море

Спасувачите евакуирале 121 лице од туристички брод кој се насукал на Белото Море, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби на Русија во Карелискиот регион.

Во 5,20 часот утрото на 13 август 2019 година, патниците биле успешно евакуирани од туристичкиот брод „Сафир“ во Белото Море, соопшти Министерството, објави ТАСС.

Евакуирани се 121 лице, кои патувале од островот Соловки за Беломорск, соопшти портпаролот.

Никој не е повреден за време на инцидентот и бродот не е оштетен. Според ТАСС, инцидентот се случил поради грешка на капетанот на бродот.

Операцијата за спасување започнала во текот на ноќта и траела скоро четири часа и во неа учествувале неколку чамци и рибарски брод.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата