Најчевска: Партија како ВМРО-ДПМНЕ може да опстојува само во држава со НЕВЕРОЈАТНО ГЛУП, ЗАТУЦАН И НЕПИСМЕН НАРОД

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најчевска: Партија како ВМРО-ДПМНЕ може да опстојува само во држава со НЕВЕРОЈАТНО ГЛУП, ЗАТУЦАН И НЕПИСМЕН НАРОД

Мирјана Најчевска вчера преку ФБ статус ги навреди сите граѓани на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што партијата објавила дека во Македонија има антракс и дека со недели, институциите ја кријат таа информација од јавноста. Информацијата за антракс беше потврдена од Агенцијата за храна и ветеринарство, но за Најчевска, ВМРО-ДПМНЕ може да опстојува само во држава со НЕВЕРОЈАТНО ГЛУП, ЗАТУЦАН И НЕПИСМЕН НАРОД. 

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост. 

Поидиотска партија од ВМРО-ДПМНЕ не сум видела.
Мислам дека ваква партија може да опстојува единствено во држава со неверојатно глуп, затуцан и неписмен народ.
Тоа е партија која отворено лаже и мами и краде и шири паники и заплашува и деизнформира, и наспроти на ова продолжува да ја има довербата кај голем број граѓани.
Најопасното кај оваа партија е дека по принципот на “И чорава кока некад убоде” може во некој момент да излезе и со вистинско предупредување за вистински проблем меѓутоа голем број граѓани нема воопшто сериозно да ја разберат.
Најсериозно мислам дека оваа партија треба да биде дерегистрирана како недоветна и како партија која не исполнува услови да се смета за деловно способна.
Толкава концентрација на глупост, на упорно повторување на веќе стотици пати со аргументи оспорени тврдења, и на шарени лажги, не се трпи.
ДУИ е сериозна мафија, СДСМ е недозреана политичка партија, ама ВМРО-ДПМНЕ е спрдачина а не партија.
Пренесувањето на изјавите на оваа партија без сериозна анализа и многу сериозни проверки е според мене криминално.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата