Зекири и Милошоски го пофалија претседателот, Пендаровски не знае за арно ли е

12.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зекири и Милошоски го пофалија претседателот, Пендаровски не знае за арно ли е

„Добро сторено, Стево Пендаровски“, напиша денеска на Фејсбук пратеникот на СДСМ  Муxaмед Зекири, по пладневната прес-конференција на претседателот на Северна Македонија по повод случајот „Рекет“ и најновите околности околу истиот  пред сè снимките објавени од италијанскиот „Ла Верита“, во кои се сретнува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Со оглед дека Зекири не додаде дополнителни коментари во постот, јасно е дека неговите пофалби се однесуваат на пораките што Пендаровски ги испрати на прес-конференцијата.

Пофалба за Пендаровски, на прв поглед и изненадувачка, пристигна и од пратеникот на ВМРОДПМНЕ Антонио Милошоски. Сепак, неговото „Браво, Стево!“ се однесува на одговорот на Пендаровски што го даде на новинарско прашање околу италијанскиот министер за внатрешни работи – Матео Салвини.

Имено, Милошоски вчера предупреди на „дипломатски скандал“ со Италија, поради Фејсбук коментар на професорката од Правниот факултет Ана Чупеска, која ја посочи како „близок советник на Претседателот Пендаровски“, која напиша дека снимките објавени од „Ла Верита“ се дел од специјална војна што македонските и жолтите штампи на „докажаните клептофашисти Салвини и Берлускони“ ја водат со цел да не се гони криминалот во земјава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата