Хан по снимките за „Рекет“: Никој не е над законот, сторителите да се соочат со правдата

11.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хан по снимките за „Рекет“: Никој не е над законот, сторителите да се соочат со правдата

Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Ова на „Твитер“ го напиша еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, по објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“.

„Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од нелегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша еврокомесарот на „Твитер“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата