Героски: Спинов дека аферата „Рекет“ е дело на ВМРО, на Мицкоски или на некој факман од „вмровски происход“, ви е глуп ко ноќ

9.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Героски: Спинов дека аферата „Рекет“ е дело на ВМРО, на Мицкоски или на некој факман од „вмровски происход“, ви е глуп ко ноќ

Другарки и другарчиња, да ви каже нешто Геро Дедичи – ова спинов дека аферата „Рекет“ е дело на ВМРО, на Никола Груевски, на Христијан Мицкоски или на некој факман од „вмровски происход“, ви е глуп ко ноќ! Да ви повторам уште еднаш – спинот ви е глуп ко ноќ, пишува новинарот и уредник на порталот Плусинфо, Бранко Героски во својата најнова колумна.

Во продолжение дел од колумната на Бранко Героски:

Затоа се бесни и збунети. Ова со Боки Тредичи и со Катица масираната, не смееше да им се случи. Затоа сега се караат меѓу себе, си вадат очи, се распаѓаат во бунило, а згора се дават во сопствените блесави спинови, несвесни дека народот не е глупав и дека е тотално разочаран од нив.

Сѐ уште има малку време за брза и спасоносна хируршка интервенција да се отстрани болното ткиво, но вашите шефови, другарки и другарчиња, не покажуваат ни елементарни знаци на свесност за ситуацијата со која се соочуваат и за тежината на кризата што вака невешто ја менаџираат. И јас и вие и цела Македонија очајно посакуваме тие да си ја чукнат главата и во последен момент одлучно да ги повлечат вистинските потези.

Еден ден, на поколенијата што доаѓаат, јас ќе треба да им раскажувам што било и како било. И ќе почнам, на пример, од Груевски… Си беше еден режим. Јас се борев против тој режим. Тогаш бев државен непријател број еден. После направивме и бојкот. Па рокавме „бомби“. После дојдоа „нашите“ на власт. Па си го сменивме името, оти така мораше. Па си го поделивме минатото со Бугарите, оти и тоа беше морално. Пред тоа се спогодивме со Албанците, за да не се распаднеме одвнатре. И Геро Дедичи сето тоа го поддржа. Искрено, од срце. И после дојде една боткосирана будала, еден Боки Тредичи, па се здружи со една Катица, па целата власт на овој Боки му бацуваше рака, па тие после заедно рекетираа, па ги фатија на дело, па настана општ хаос и така владата падна. Чекајте, чекајте… Морам да запрам тука, луѓе мои!…

Целата колумна на ПЛУСИНФО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата