Роналдо му препорачал на Дибала да се пресели во Јунајтед

2.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо му препорачал на Дибала да се пресели во Јунајтед

Кристијано Роналдо го советувал Пауло Дибала да му се придружи на Манчестер Јунајтед доколку сака да игра во шампионски тим. Ова се случило во заедничка група на фудбалери на Јувентус во апликацијата „ВатсАп“ и доколку Аргентинецот го прифати предлогот, тогаш патот на Ромелу Лукаку до Торино се чини целосно отворен, пренесува „Дејли Мејл“.

Роналдо го дал своето одобрение за овој трансфер и му напишал на Дибала дека за да продолжи да освојува трофеите, како што направи во последните години со Јуве, мора да игра на „Олд Трафорд“.

Интересно е да се напомене дека Португалецот учествувал и во трансферот на Матаис Де Лихт, кого го советува и за трансферот, но во неговиот сегашен тим.

Роналдо, заедно со директорот Фабио Паратичи и потпретседателот Павел Недвед, се смета за еден од највлијателните луѓе во клубот од Торино. (МИА)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата