ЌЕ И СЕ ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА. Катица Јанева: Подобро да си МЕЃУ ПРАЗНИ ЅИДОВИ отколку меѓу празни луѓе

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ И СЕ ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА. Катица Јанева: Подобро да си МЕЃУ ПРАЗНИ ЅИДОВИ отколку меѓу празни луѓе

Додека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го исполнува етерот со нејзиниот молк и речиси и да нема ниту една информација за тоа каде е таа во моментов (освен оваа), во нејзино име по нешто зборува нејзиниот личен Фејсбук профил и мудрите и инспиративни цитати кои таа таму ги споделувала.

Барем така тврди новинарката на „Фокус“, која пролистала низ објавите на обвинителката посочена од новинарот Героски како „мозокот зад операцијата“ во случајот „Рекет“.

Јанева на Фејсбук се приклучила во 2014-та година, а нејзиниот профил од времето пред да биде избрана за специјален обвинител, односно додека сè уште работела како обвинител во ОЈО Гевгелија, изобилува со цитати наменети за зголемување на самодовербата, но и други мудрости, од типот: „Подобро меѓу празни ѕидови, отколку меѓу празни луѓе“.

Од моментот кога била избрана за специјален обвинител, меѓутоа, Јанева направила неколкумесечна пауза од објави на Фејсбук.

Таа повторно се активира на почетокот на 2016 година, кога освен лајкови и шерови на своите омилени цитати, добива и бројни пораки со поддршка од типот: „Да си жива и здрава обвинителке, ти и твојот тим што ќе ја донесе вистината во Македонија!“.

Во последниве неколку месеци, Јанева повторно паузирала од друштвената мрежа, за денес на кавер фотографијата на нејзиниот профил да ве пречека следнава мисла: „Кога се плашиш да играш на терен, обично свиркаш од трибини“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата