Во Британија откриени четворица Албанци шверцувани во кутии во багажник

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Британија откриени четворица Албанци шверцувани во кутии во багажник

Четворица Албанци биле пронајдени врзани во картонски кутии во багажник на комби возило.

Тие претходно платиле по 700 евра за да бидат транспортирани во Велика Британија.

Албанските државјани биле откриени од страна на граничната полиција, а еден од членовите на криминалната група која го организирала нивното префрлување во Велика Британија е уапсен и ќе биде депортиран во Албанија по 20 месеци затвор, пренесува „Дејли мејл“.
Граничната полиција го стопирала возилото и побарала од возачот да ги отвори шесте картонски кутии обележани со лента.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата