Во Турција запленет еден тон марихуана, полициско куче ја пронашло дрогата

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Турција запленет еден тон марихуана, полициско куче ја пронашло дрогата

Турската полиција во југоисточниот дел на оваа земја во шлепер пронајде и заплени еден тон марихуана, јавуви агенцијата „Анадолија“.

Полициското куче трагач Маја откри тон марихуана која била скриена во ПВЦ-цевки, во шлепер.

Возачот на камионот е уапсен, а во тек е истрагата за случајот.

Одгледувањето и шверцот на марихуана и други опијати претставува еден од главните извори на финансирање на ПКК, која дејствува во планинските непристапни региони до кои нема пристап во југоисточниот дел на Турција и северот на соседните земји Ирак и Сирија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата