ДЕНЕСКА Е СВЕТА НЕДЕЛА: Еве што треба да направите за да ви тргне на подобро

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕНЕСКА Е СВЕТА НЕДЕЛА: Еве што треба да направите за да ви  тргне на подобро

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули. Св. маченица Недела е секогаш на еден ист датум, а секоја година го менува денот.

Додека, пак, седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.

Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата