Како што ја предадовте Катица, така ќе го предадете и Заев, лицемери бедни!

17.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како што ја предадовте Катица, така ќе го предадете и Заев, лицемери бедни!

На сите вас што се колнете во Зоран Заев, ќе ви кажам нешто што нема да ви се допадне. В лице ќе ви ја шлапнам вистината. Не, не за Заев, овој пат – за вас. Бидејќи поголемиот дел од вас – не сите! – сте само бедни апологети и апаратчици што си ги чуваат привилегиите и фотелјите за своите омекнати газиња, уште сега ви велам: вие ќе го предадете Заев кога ќе му биде најтешко. Не, не сега, не веднаш, туку баш тогаш кога ќе му биде најтешко!
И сега му е тешко. Штом решил да „разговара“ со тој Ел Чека, види му го алот. Ама тоа значи дека е и дезориентиран, дека од својот кабинет или воопшто не е советуван или му се дадени погрешни и злонамерни совети, дека можеби и дипломатите веќе имаат резерви кон овој владин тим. А најтешкото допрва доаѓа… – пишува новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна.

Понатаму тој посочува:

Верувајте, знам како е да бидеш предаден. Не знам за Заев, ама јас го гледам вашето предавство уште сега. Гледам како вашите очиња веќе бараат нов шупак за увлекуење. Оти, нели, не се знае што носи денот и на која страна вашите носиња ќе ја намирисаат реата на анусот пред дефекација, новата дупка во која ќе треба да се вовлечете нежно, со вазелин, со еден емотивен притисок. Без при тоа носителот на шупакот да сфати дека вие сте, всушност, опасна базука, што ќе му ги разнесе цревата кога најмалку очекува.

Тој зборува и за митот кој беше создаден одколу КАтица Јанева кога таа беше хероина:

Се колневте и во Катица Јанева. О дааа! Ја носевте на градите. За неа пишувавте панагирици. За неа и за „трите грации“. А сега ја мразите, како најголем душман да ви била. Велите, када била. Беше вашата хероина, вашиот идол, вашето најголемо откритие, а сега е обична, глупава када. Баухахахахаха!
Ги читав и вашите оргазмички тиради за Фатиме Фетаи. Чувам една. Најубавата. Не се дочитува од возбуда. Најиздржливите ејакулираат на половина текст. Ја чувам за успомену и дуго сечање. А сега не се осмелувате ни да ја спомнете. Никаде ја нема, кутрата Фатиме. Ги бришете набрзина вашите профилни фотки со „грациите“. Оние со напучени усни. Со кисчиња. За секој случај…
Мамлази едни!

Понатаму Героски коментира:
Тоа сте вие, другарчиња – обични лицемери. Нека ми биде дозволен и еден вулгарен збор – пизди. Ете тоа сте вие, пизди!

Затоа и не ја разбирате битката што сега се води во аферата за бомбашкиот рекет. Не знаете која страна да фатите. И секако, не сфаќате дека на вашиот идол, кандидатот за Нобел, Зоран Заев, токму сега му треба и поддршка и поттик да излезе од тој маѓепсан круг на криминалот и на рекетот. Да ги симне од вратот оние крлежи кои невнимателно ги закачи и сега мора хируршки да ги отстрани.

Целата колумна на Плусинфо

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата