Loading..

Спортски авион падна денеска врз куќа во чеченското село Новошчедрински, соопшти за „Спутник“ републичката управа при чеченското Министерство за вонредни ситуации.

Во падот на авионот повредени се пилотот и уште три лица.

Човекот што управувал со авионот при падот си ја скршил клучната коска. Сите повредени се хоспитализирани.

Во тек е истрага за инцидентот.

извор: Makfax

Најчитани вести