Локализиран пожарот на еден од најпознатите хрватски острови - евакуирани 10 000 луѓе (Видео)

16.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Локализиран пожарот на еден од најпознатите хрватски острови - евакуирани 10 000 луѓе (Видео)

Околу 10 000 лица се евакуирани по избувнувањето на голем пожар на хрватскиот остров Паг, соопштуваат локалните медиуми. Огнот се запалил околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља.

Огнената стихија е под контрола, а акција за гаснење сѐ уште е во тек. Како што пренесуваат хрватските портали, отежнувачка околност е силниот ветер кој дополнително го разгорува и го разнесува огнот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата