Шпанската крајбрежна стража спасила 141 мигрант

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанската крајбрежна стража спасила 141 мигрант

Шпанската крајбрежна стража спасила 141 мигрант од неколку бродови помеѓу Шпанија и Мароко.
Мигрантите, меѓу кои имало жени и деца, се префрлени во шпанското пристаниште Алмерија.

Околу 11.000 мигранти стигнале преку морски пат во Шпанија од почетокот на годинава, а 203 мигранти настрадале за време на патувањето, објави Меѓународната организација за миграции (ИОМ).
        
Од јануари 682 лица исчезнале во Медитеранот, а околу 31.600 пристигнале во некое пристаниште, додаде организацијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата