НАТО загрижен поради испораката на С-400 на Турција

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО загрижен поради испораката на С-400 на Турција

НАТО изрази загриженост поради почнатата испорака на руските системи С-400 во Турција, пренесува „Франс прес“.

„Алијансата је длабоко загрижена поради настанатата ситуација. Генералниот секретар Јенс Столтемберг претходнбо повеќепати изјави дека секоја држава-членка на НАТО има право  самостојно да носи одлуки за тоа кои типови вооружување ќе ги користи, но руските системи ќе бидат некомпатибилни со системите на американската противракетна одбрана, и тоа е проблем“, се наведува во соопштението.

Претходно беше соопштено дека почнала испораката на руските системи С-400 во Турцоија. Како што јавуваат медиумите, три авиони со компоненти за системите веќе слетале во авиобазата „Муртед“ во провинцијата Анкара.

Руското Министерство за одбрана соопшти даек преостанатите компоненти од ракетните системи С-400 ќе ѝ бидат доставени на Анкара во договорениот рок.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата