Бројот на луѓе од Централна Аметика кои бараат азил во ЕУ масовно се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да ја заостри контролата на јужната граница на САД, а Венецуелците се втората најголема демографска група по Сиријците кои бараат азил, пренесува „Брејтбарт“.

Според „Гардијан”, Европската канцеларија за поддршка на азилот вели дека има 11 отсто повеќе барања за политички азил во минатата година од луѓе кои бегаат од економските катастрофи, политичка репресија и криминално насилство во Венецуела, Ел Салвадор, Колумбија, Хондурас, Никарагва и Перу.

Барањата за азил од државјаните на Венецуела достигна 18.400 во периодот меѓу јануари и мај – приближно двојно повеќе од истиот период во 2018 година.

На подолг временски период, порастот е уште поизразен, а барањата за азил од жители на Централна Америка се зголемил за изненадувачки 4.000 отсто во последната деценија.

извор: Makfax

1

Најчитани вести