Обвинение за мажот кој купи малолетна невеста за 1.600 евра

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинение за мажот кој купи малолетна невеста за 1.600 евра

Обвинителството поднесе обвинение против мажот кој во април годинава со намера да се ожени, купил петнаесетгодишно девојче за сума од 1.600 евра.

Девојчето било продадено од страна на нејзиниот малолетен роднина. Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот, македонски државјанин, ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата