Омилениот српски коментатор од Арена се врати во Македонија, и тоа на местото на “ЗЛОСТОРСТВОТО“

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Омилениот српски коментатор од Арена се врати во Македонија, и тоа на местото на “ЗЛОСТОРСТВОТО“

Еден од двајцата омилени коментатори од Арена, кои беа најголема поддршка на ракометарите од Вардар за време на ЛШ, Стеван Стевановиќ пак ни дојде на гости. Овој пат на одмор и во Охрид. Стеван на својот Фејсбук-профил сподели фотографија од Свети Наум и откри мала тајна - токму таму ја побарал раката на својата сегашна сопруга.

„Се вративме на местото на веридбата, но сега сме уште појаки“, напиша Стеван под фотката на која е со својата бремена сопруга.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата