Пејачот Р. Кели повторно уапсен, обвинет е и за детска порнографија

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пејачот Р. Кели повторно уапсен, обвинет е и за детска порнографија

Американскиот пејач Р. Кели е уапсен во Чикаго. Против него е поднесено обвиинение со 13 точки, меѓу кои и злосторства од сексуална природа, соопшти портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител Џозеф Фицпатрик.

Тој објаснил дека Р. Кели е обвинет и за детска порнографија, поттикнување малолетници на сексуални односи и попречување на правдата.

Деталите за апсењето на Р. Кели ќе бидат објавени во текот на денот. Неговиот адвокат Стив Гринберг потврдил за „Чикаго сан тајмс“ дека пејачот е уапсен.

Ова е второ апсење на 52-годишниот пејач оваа година под обвинение за сексуални злосторства. Добитникот на Греми беше уапсен и во февруари. Тогаш три малолетни девојчиња и една жена го обвинија за сексуално злоставување.

Кели се изјасни дека не е виновен и беше ослободен со кауција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата