Акција „Ова не е паркинг“ во Битола

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Акција „Ова не е паркинг“ во Битола

Акцијата „Ова не е паркинг“ е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност.

Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата