ОХРИД после синоќешното невреме - Љубаништа превртено наопаку!

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОХРИД после синоќешното невреме - Љубаништа превртено наопаку!

Превртени приколки, паднати дрвја, расфрлан мебел и останата покуќнина ... ова е сцената која осамна утринава во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум во Охрид. Невремето кое беснееше ноќеска, а беше проследено со силен ветер и дожд вчера буквално уништило се пред себе. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силното невремето уништен е и автокампот Крани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата