Македонија пред вратата на ЕУ: КУЧЕ СКИТНИК ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО (Видео)

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија пред вратата на ЕУ: КУЧЕ СКИТНИК ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО (Видео)

Куче скитник веќе неколку недели во заложништво држи  семејство од Штип на улицата Карл Маркс кај некогашната ветеринарна станица.

Кучето  кое до пред извесно време било маалски миленик,  поради очигледните здравствени прблеми во последно време повремено  е  агресивно  но уште поопасно е поради болеста и присуството на огромен број крлежи.

„По цел ден лежи и има многу крлежи кои ни лазт по ѕидовите.Барам да се отстрани кучето од улицата.Крлежите се опани,а овде си играат деца .Повредено е кучето и затоа лежи и им смета на возачите.Интервенирам да се тргне,скоро два месеци лежи овде болна,нема веќе каде да се обратам секаде бев“ изјави Катерина Ефремова жител на ул. Карл Маркс.

Директната опасност  за сите  ова семејство ги принуди да се обратат до надлежните , во случајов,  надлежната ветеринарана станица за грижа и вдомување  на кучиња скитници.

„Се јавивме пред неколку месеци,но ни кажаа дека немат доволно луѓе да ја земат и да ја однесеме ние во стационарот ,но како ние да го однесеме кога е полно со крлежи,немаме услови за тоа сами,треба да дојдат тие“ изјави Катерина Ефремова жител на ул. Карл Маркс

Од своја страна, ТВ Стар  стапи во контакт со претставник на  посочената  надлежна ветеринарната станица  кој изјави.

„Според  нашиот план потенцираното куче скитник  како и  уште неколку  други убедени сме дека уште утре ќе бидат  отстрнети од улица и ќе бидат сместени на соодветно место. Досега овој проблем ќе беше решен но секојдневната обврска со овие кучиња  ни наложи нивното згрижување да биде одложено“, велат од ветеринарната станица.

Колку  овој проблем е ургентен потврдуват и фотографиите на кои се гледаат огромен број на паразити  до самиот влез и прозорци од куќата и  вистинска среќа е што досега не се случил поголем проблем.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата