Наместо сопствена механизација за РЕК Битола, сомнителни анекси на старите договори

9.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наместо сопствена механизација за РЕК Битола, сомнителни анекси на старите договори

Регистарот на тендери на Бирото за јавни набавки на 4 јули исфрли два договори со вкупна вредност е 1,56 милиони евра со ДДВ. Договорен орган  е АД ЕСМ, односно ЕЛЕМ, а предмет на договорите се „услуги од градежна механизација“. Актуелната влада иако најавуваше дека ќе купи сопствена механизација за РЕК Битола, веќе потроши повеќе од 50 милиони евра за истата намена, главно со истите фирми кои соработуваше и претходната влада, објави 360 степени.

Анекси склучени на последниот ден од истекот на договорот

Не станува збор за нови договори, туку за анекси на стари договори од 2018 година, еден со компанијата „МИС-КОМЕРЦ“ од Скопје, другиот со компанијата „Марковски“ од Битола. Старите договори биле потпишани на 26 јуни 2018 година со рок на важење од една година, а новите договори или анексите се потпишани на 25 јуни 2019 година или само еден ден пред да истечат старите договори.

Постапката беше неопходна бидејќи предметот на оваа услуга е директно поврзан со производството на јаглен и заради зголемената потреба од работни активности на овие типови на механизација во зимскиот период, одговориле од РЕК Битола за 360 степени.

Потписник на двата анекси за кои менаџментот на РЕК Битола вели дека се последица на зголемена потреба од работни активности е директорот Васко Ковачевски, кој како опозициски пратеник обвинуваше дека договорите со директно преговарање со компанијата „Марковски“ се сомнителни и дека фирмата е блиска со тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.


Целиот текст на 360 степени

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата