Патарината во Србија поскапе за 12%: Од Белград до Табановце ЧИНИ 13 ЕВРА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ

9.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Патарината во Србија поскапе за 12%: Од Белград до Табановце ЧИНИ 13 ЕВРА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ

Парламентот на Србија ја усвои одлуката за зголемување на патарините во целата земја за 12 проценти. Она што македонските граѓани кои патуваат кај северниот сосед најмногу ги интересира колку ќе ги чини патарината.

Во еден правец таа ќе изнесува 1.500 динари, односно околку 13 евра во еден правец. Најскапа е таа кај Ниш која ќе чини околу 900 динари.

За оние кои ќе патуваат кон Унгарија, еден правец од Белград кон унгарската граница ќе чини 627 динари, односно околу 5 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата