Санкции за „Синлаб“ поради фрлање медицински отпад во јавни контејнери

26.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санкции за „Синлаб“ поради фрлање медицински отпад во јавни контејнери

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во соработка со Инспекторатот на град Скопје констатирале дека од страна на Приватната здравствена установа „Синлаб“ во кеси се одлага медицински отпад во јавни контејнери.

По извршените инспекциски контроли ДСЗИ со решение ја задожил „Синлаб“ да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад кое е регулирано со Правилникот за начинот на постапување со медициснкиот отпад како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад.

За постапувањето спротивно на одредбите од овој Правилник предвидена е глоба, па оттаму и во овој случај следи спроведување на прекршочни санкции за сторителите на прекршокот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата