Две возила се судрија кај Охрид, меѓу повредените и малолетно девојче

26.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две возила се судрија кај Охрид, меѓу повредените и малолетно девојче

Вчера во 20.15 часот на крстосницата на магистралниот пат Охрид – Ресен со локалниот пат за селото Куратица се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила oд Битола и Охрид. Со возилата управувале лица на 23 и 22-годишна возраст.

Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле охриѓанецот кој управувал со автомобилот и малолетно девојче кое се наоѓало во возилото.

Тие биле пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата