Силен земјотрес на границата помеѓу Панама и Костарика

26.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес на границата помеѓу Панама и Костарика

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени го стресе граничното подрачје помеѓу Панама и Костарика, соопшти Геолошко топографскиот институт на САД.

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 44 километри западно од градот Давид во Панама, на длабочина од 14,2 километри.

Засега не е познато дали е причинета материјална штета, ниту пак дали има човечки жртви.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата