Заврши преодниот рок во Германија: Кансело е ѕвездата на трансфер периодот!

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши преодниот рок во Германија: Кансело е ѕвездата на трансфер периодот!

Германците први го затворија зимскиот трансфер пазар. Последниот ден за „пазарување“ на Бундеслигашите донесе едно „ѕвездено“ засилување за Баерн (М) и само уште неколку потврдени трансфери, кои не направија некој „бум“ на европскиот трансфер пазар.

Секако најголема трансфер ѕвезда денеска е Жоао Кансело. Toj од Манчестер Сити и официјално се пресели во Баерн Минхен. Германскиот шампион го доведе на позајмица со опција за откуп. Претходно стана јасно дека Баерн ќе може да го купи играчот на лето за 70 милиони евра. Во германскиот клуб Кансело ќе игра со дресот со број 22.

Берлинска Херта успеа денеска да го затвори трансферот на Толга Чигерчи од Анкарагучу. 30-годишниот турски репрезентативец доаѓа во Херта за околу 1 милион евра.

Филип Макс се врати во Бундеслигата и тоа како позајмен во дресот на Ајнтрахт (Ф). Искусниот Германец ќе биде одлично засилување на левата бековска позиција.

Шалке во битката за опстанок ќе биде посилен за Едер Баланта од Бриж. 29-годишниот Колумбиец кој игра како дефанзивен играч за врска ќе биде на позајмица во Гелзенкирхен до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата