Таравари 90 % кажа „да“ за владина коалиција и порача: Не е дека ќе се согласиме баш со сѐ. И ние имаме црвени линии

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таравари 90 % кажа „да“ за владина коалиција и порача: Не е дека ќе се согласиме баш со сѐ. И ние имаме црвени линии

Двочасовната средба што се одржа зад затворени врати во Влада меѓу преговарачките тимови на премиерот, Димитар Ковачевски и лидерот на АА, Арбен Таравари, заврши со позитивен исход. Таравари 90% кажа „да“ на понудата на владината коалиција за да станат дел од мнозинството. Веднаш по средбата со премиерот, Таравари изјави дека програмски се усогласиле со Владата и додаде дека воопшто не разговарале за кадровски решенија.

-Верувам дека да, но воопшто не разговаравме за кадровски решенија. Сметам дека следните денови треба да ги отвориме и тие прашања.
-Дали ќе се согласите со било какво министерство кое ќе ви се даде?
-Гледајте, не е дека ќе се согласиме баш со сѐ. И ние имаме црвени линии, но денеска воопшто не разговаравме за ова прашање.

Главната точка на програмата на АА за влез во Влада е борба против корупцијата и владеење на правото, теми поврзани со Министерството за правда, кое, според информациите на ТВ21 ќе ѝ припадне на партијата на Таравари. Меѓутоа, тој вели дека најдобар кадар имаат за Министерството за здравство, за кое исто така кружат шпекулации дека ќе ѝ биде одземено на Алтернатива.

Инаку, денеска заседава Извршниот одбор на СДСМ. Запрашан за оваа тема, Ковачевски вели дека состанокот е во рамки на редовните средби на партијата.

Од Владата информираат дека во фокус на разговорите меѓу Ковачевски и Таравари е неприкосновената борба против корупцијата во контекст на реформските процеси што се случуваат во државата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата