Косовското прашање во четврток пред српските пратеници, САД притискаат за формирање на ЗСО

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косовското прашање во четврток пред српските пратеници, САД притискаат за формирање на ЗСО

Претходно медиумите објавија дека пратениците на 2 февруари треба да расправаат за Косово и оти во работата на седницата ќе учествува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ…

Главно барање на Белград останува формирањето на Заедницата на српските општини, а за ова американсаката амбасада во Приштина денеска организираше дискусија со претставници на Владата и Претседателството на Косово, како и опозициските политички партии и граѓанското општество.

Во меѓувреме, САД го блокираа влезот на Косово во Советот на Европа.. Во нотата испратена до одредени европски земји, САД бараат прашањето да не биде ставено на дневен ред додека „Косово не усвои поконструктивен став за Заедницата на српските општини, што би го отворило патот за прифаќање на европскиот предлог….  За овој предлог, Вучиќ конкретно не се изјасни, а десницата во Србија што е против, најавува „национален собир“…

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата