Шокантен потег на кралот Чарлс III

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантен потег на кралот Чарлс III

Според извори од Британската палата, кралот Чарлс, наводно, го повикал надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, да посредува во договорот за принцот Хари и Меган Маркл да присуствуваат на неговото крунисување закажано на 6. мај во Вестминстерската опатија, а тоа многу го налутило принцот Вилијам.

Според британските медиуми, кралот Чарлс оценил дека би било помалку штетно доколку Хари и Меган присуствуваат на крунисувањето, отколку кога тие целосно би биле исклучени од церемонијата. Сепак, на оваа желба на кралот жестоко се спротивставил принцот Вилијам, кој верува дека неговиот помлад брат би можел да се послужи со некаква постапка за тој и Меган да бидат во центарот на вниманието на крунисувањето, а не кралот Чарлс.

Извор близок до британското кралско семејство изјавил дека се разгледуваат условите под кои Хари и Меган би можеле да присуствуваат на крунисувањето.

– Вилијам бара на неговиот брат јасно да му бидат пропишани услови на однесување за време на крунисувањето кон кои тој и Меган би морале да се придржуваат без приговор, доколку сакаат да присуствуваат на крунисувањето – рекол изворот.

Сепак, прашање е дали Хари ќе се согласи на тие услови.

 Инаку, британските медиуми направија и анкета меѓу граѓаните со прашањето: „Дали Хари треба да присуствува на крунисувањето или не?“. Повеќе од половина од анкетираните веруваат дека одметнатиот принц нема што да бара на тој настан. Поголемиот дел од луѓето, односно оние кои го осудуваат однесувањето на Хари, имаат над 50 години, додека помладите помеѓу 20 и 35 години истакнуваат дека без разлика на сè, на принцот Хари и на неговата сопруга треба да им се дозволи да се појават на крунисувањето.

Надбискупот Џастин Велби нема лесна задача бидејќи ќе мора да посредува помеѓу Хари и останатите членови на кралското семејство. Најголем проблем се длабоко нарушените односи помеѓу браќата, бидејќи секој влече на своја страна.

Да потсетиме, принцот Хари неодамна ги објави мемоарите „Резервен“ („Spare“) во кои ги разоткрива мрачните тајни на британското кралско семејство. Палатата, барем не официјално, не се огласи и очигледно нема да ги коментира наводите од мемоарите на Хари.

Одметнатиот принц верува дека не направил ништо лошо и дека не е единствената црна овца во семејството, особено ако се земе предвид однесувањето на принцот Ендру (помладиот брат на кралот Чарлс), кој своевремено беше обвинет за педофилија. Принцот Хари очекува кралското семејство да се извини поради начинот на кој се однесувале кон него, што е речиси неверојатно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата