Борусија го донесе супер талентот на младинската репрезентација на Белгија

27.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борусија го донесе супер талентот на младинската репрезентација на Белгија

Борусија Дортмунд го продолжува трендот да се засилува со млади и непознати фудбалери, а засега таа пракса се покажа како успешна затоа тие брзо созреваат во Бундес лигата и потоа за огромни пари одат во други клубови.

Овојпат Борусија го објави трансферот на талентираниот белгиски фудбалер Жулиен Дуранвил. За него плаќа 8,5 милиони евра плус бонуси, а доаѓа од Андерлехт.

Во август минатата година дебитираше за Андерлехт и постигна гол во вториот меч. Тој игра како напаѓач и крилен напаѓач, а има само 16 години. Од Андерлехт велат дека тој е супер талентиран фудбалер затоа што на таа возраст има фудбалски квалитети како оние на 19 или 20 години.

Тој има настапи за У16 и У19 селекциите на белгија.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата