Најмалку седуммина убиени во напад на синагога во Ерусалим

27.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку седуммина убиени во напад на синагога во Ерусалим

Полицијата го убила напаѓачот, пренесува израелскиот весник Хаарец. Полицијата овој напад го нарече терористички чин.

Портпаролот на Хамас рече дека престрелката е одмазда за вчерашниот напад на израелската армија врз бегалскиот камп Џенин, во кој израелските командоси убиле седум вооружени лица и двајца цивили, што е најголем број на жртви во судирите на Западниот Брег во последниве години.

Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач пукал во група Израелци во соседството. Огненото оружје што го употребил е пронајдено на местото на настанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата