Досетливи Тетовци: СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ ДО ТУЃ ИМОТ

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Досетливи Тетовци: СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ ДО ТУЃ ИМОТ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(71) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, против С.А.(56) и А.А.(59), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ и против Џ.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 23.6.2016 година првопријавениот, како адвокат, изготвил лажно полномошно, според кое Н.М. го овластил да ги преземе сите дејствија околу склучување на договор за поклон на куќа во Тетово со четвртопријавениот како примател на поклонот. По склучувањето на ваквиот договор, четвртопријавениот ја продал наведената куќа на трето лице. Второ и третопријавениот, како инвеститори, без соодветна документација и одобрение за градба, извршиле доградба на наведената куќа, при што поставиле метална конструкција на катастарска парцела во сопственост на Република Северна Македонија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата