Тетовец изгазил полицајци кои го запреле заради редовна контрола. НЕ ЗАСТАНАЛ ЗАШТО ИМАЛ КОЛА ПОЛНА „МАРА“ И АЛКОХОЛ

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тетовец изгазил полицајци кои го запреле заради редовна контрола. НЕ ЗАСТАНАЛ ЗАШТО ИМАЛ КОЛА ПОЛНА „МАРА“ И АЛКОХОЛ

Ноќеска нешто после полноќ, односно околу 00:10 часот на ул.„515“ во Скопје, патничко возило „Опел Вектра“ удрило во полициски службеник, во пределот на ногата, кој преземал службени дејствија, односно дал знак за запирање на возилото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и возилото било пронајдено на ул.„512“. Во возилото била пронајдена марихуана, два мобилни телефони и алкохолни пијалаци. Утврдено е дека возилото е сопственост на З.Н. (60) од село Желино, Тетовско.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата