Јужна Кореја ќе ѝ донира 50.000 тони ориз на Северна Кореја

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јужна Кореја ќе ѝ донира 50.000 тони ориз на Северна Кореја

Јужна Кореја ќе донира 50.000 тони ориз и 4,5 милиони долари за Северна Кореја за да помогне во намалувањето на недостатокот од храна, објави Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во средата.

Тоа е најголемата донација на Јужна Кореја на северниот сосед од 2008 година, се вели во соопштението на WFP.

Тимот ќе поддржува 1,5 до 2 милиони деца, бремени жени и мајки што дојат, додаваат тие.

Во мај, WFP објави дека производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво за десет години, поради што на милиони луѓе им се заканува глад ако не добијат помош од надвор.

Експертите за земјоделство и храна на ОН во март и април ја посетија изолирана комунистичка земја, откривајќи дека околу десет милиони луѓе немаат храна за да го премостат периодот до следната жетва.

Во некои рурални средини, дури 43 проценти од населението се недоволно исхранети, а едно од пет деца страда од бавен раст, бидејќи не добива доволно храна, објави Светската здравствена организација.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата