Најмалку 12 цивили загинаа во Алепо, меѓу нив и 4 деца

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 12 цивили загинаа во Алепо, меѓу нив и 4 деца

Најмалку 12 цивили загинаа, а 15 се ранети кога бунтовниците гранатираа населени делови во провинцијата Алепо, објавија сириските државни медиуми.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека меѓу загинатите има и четири деца, објави агенцијата АП.

Нападот се случил вчера во села во близина на Алепо.

Последните седум недели во северозападна Сирија се одвиваат жестоки борби кога владините сили почнаа офанзива врз последното упориште на бунтовниците во рамките на граѓанската војна, која трае осум години.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата