КРВАВА МАТУРА - еден мртов и неколкумина повредени

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КРВАВА МАТУРА - еден мртов и неколкумина повредени

Еден мртов и неколкумина повредени е црниот биланс од синоќешниот масакр кој се случил на матурска забава во Филаделфија. Полицијата се уште трага по напаѓачот, а не е познат ниту мотивот за нападот.  

Според полицијата на забавата имало 60 лица, а четворица од седуммината застрелани биле на возраст од 15 до 17 години. Една возрасна личност им подлегнала на повредите, а три лица на возраст од 20 до 30 години имаат простерелни рани на различни делови на телото.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата