Заев: Нема предвремени избори, реконструкција на владата до крајот на овој месец

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Нема предвремени избори, реконструкција на владата до крајот на овој месец

Предвремени парламентарни избори нема да има, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тој кажа дека Централниот одбор на партијата донел одлука да се продолжи со процесот за реконструкција на владата и најави дека ќе бидат сменети најмалку осум министри и 20 директори.

„Централниот одбор го задолжи претседателот на партијата кој е и премиер да продолжи со процесот за реконструкција на владата односно да не се носи одлука за предвремени парламентарни избори и да не се почнува постапка за враќање на мандатот“, рече Заев.

Тој најави дека до крајот на овој месец ќе се знаат имињата на новите министри и директори.

Централниот одбор на СДСМ на седницата во Охрид избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата