ФОТО: Метлата заигра пред почетокот на состанокот на СДСМ во Охрид

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФОТО: Метлата заигра пред почетокот на состанокот на СДСМ во Охрид

Денеска во Охрид ќе се одржи состанок на Централниот Одбор на СДСМ. Членовите на партијата веќе почнаа да пристигнуваат во хотелот Инекс „Олгица“ крај Охридското езеро.

Меѓудругите одлуки, денеска ќе се носи одлука дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори. ТВ21 од извори блиски до партијата дознава дека предвремени избори ќе нема.

Исто така ќе се одлучува и за најавената „метла“ од страна на премиерот Заев. Но „метлата“ заигра пред почетокот на состанокот на СДСМ, како што се гледа на фотографијата. Ама на друго место.

Фото: Јовица Пауноски | ТВ21

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата