Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во кавадаречко

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во кавадаречко

Тешко повреден 24-годишен мотоциклист од Кавадарци во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб. Несреќата се случил помеѓу автомобил „КИА“ и мотоцикл „Сузуки 750“.

Во несреќата повреден е и 20-годишен сопатник на мотоциклот од Кавадарци.

Возачот на мотоциклот со тешки телесни повреди бил однесен во болницата во Кавадарци, од каде итно бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Додека, сопатникот на мотоциклот се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.  

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата