Саудиска Арабија пресретна беспилотно летало од јеменските бунтовници

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саудиска Арабија пресретна беспилотно летало од јеменските бунтовници

Саудиска Арабија пресретна беспилотно летало, кое јеменските бунтовници го насочија кон саудискиот град Аба во јужниот дел од земјата. Леталото било соборено, а во нападот немало жртви ниту материјални штети, соопшти арапската воена каолиција која ја предводи Ријад и ја поддржува јеменската Влада против бунтовниците – племето Хути.

Телевизијата на Хутите, „Ал Масирах“, пренесе дека шиитските бунтовници презеле одговорност за нападот и ветиле „болни денови“ за Саудиска Арабија.

Бунтовниците изминатите недели ги засилија нападите со беспилотни летала врз Саудиска Арабија, која воено интервенира во Јемен од 2015 година предводувајќи ја арапската воена коалиција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата