УБИСТВЕНА СТАТИСТИКА: Се скрати и животниот век, мажите во Македонија умираат на 71 година!

15.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УБИСТВЕНА СТАТИСТИКА: Се скрати и животниот век, мажите во Македонија умираат на 71 година!

Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава, бројот на умрените лица е намален за 2.9% во однос на претходната година и изнесува 19.727 умрени лица.

Поголем број се од машки пол и тоа 10.339 или 52.4% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 122, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.6% на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број на случаи се регистрирани во месец декември (1.880).

Просечната должин на живот кај машките лани изнесувала само 71,1 година! а кај лицата од женски пол 75,7 години, или за 4.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Ова е драстично намалување на животниот век кај мажите. Со вакви бројки, произлегува дека маж за да исполни целосни услови за пензија, и да се пензионира на 65 години, треба да плаќа пензиско осигурување од 20-40 години, а да ја користи и онака малата пензија само шест години. И пак пари за пензија во фондот- нема.

Меѓу земјите на ЕУ, мажите и жените во Франција имаат најдолг статусот на пензионери кои ја живеат у уживаат пензијата (19,7 години за мажи и 24 жени), Шпанија (19,3 и 23,5) и Италија (19,2 и 22,8). Најкраткиот животен век за пензионирани мажи е во Латвија (13,8), Бугарија (14,1) и Литванија (14,3), а за жените во Бугарија (17,6), Романија (18,1) и Унгарија 18.6).

Во Македонија мажите ја живеат и уживаат пензијата само 6 години, а жените околу 12 години.

Колку е скратен животниот век во Македонија, погледнете во табелата која се однесува на целиот регион - податоците се од 2106 година, и во споредба со 2018-та Македонците живета повеќе од година дена - пократко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата