Дневн хороскоп за 29 ноември – Дозволете некој да ве расположи, опуштете се

29.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дневн хороскоп за 29 ноември – Дозволете некој да ве расположи, опуштете се

Овен
Љубов:
Ви недостасува воздржаност или емоционална дискреција во блиските контакти. Понекогаш работите ги гледате само на основа на лични стандарди.
Работа:
Ви требаат доверливи информации. Не треба да ве залажуваат разни олеснувања кои нудат привремено решение.
Здравје:
Нема причина за грижа.

Бик
Љубов:
Саканата личност индиректно се обидува да влијае на вашата одлука, нема причина да се сомневате во нечии искрени намери.
Работа:
Направете се што е потребно за да ја оправдате вашата улога во деловната соработка, покажете дополнителна мерка на одговорност.
Здравје:
Дозволете некој да ве расположи, опуштете се.

Близнаци
Љубов:
Ве очекува пријатно изненадување во средбата со саканата личност. Бидете доволно имагинативни и инспиративни во секој поглед.
Работа:
Делувате весело и расположено и имате добри идеи. Важно е да чувствувате психолошка или материјална сигурност.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.

Рак
Љубов:
Ако сакате сè да функционира беспрекорно во љубовната врска, мора да имате добра волја и одредени манири како свој „заштитен знак“.
Работа:
Обрнете внимание на новите информации, бидете во тренд или пред другите кога решавате важни деловни дилеми.
Здравје:
Важно е да почувствувате емоционална инспирација, како поттик за добро расположение.

Лав
Љубов:
Некој ве возбудува или ви го привлекува вниманието, повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Делувате мистериозно.
Работа:
Со неколку добри потези можете да направите повеќе од вашите соработници. Можете да ги постигнете вашите намери на различни страни.
Здравје:
Во одлична форма сте.

Девица
Љубов:
Некој ве поттикнува да донесете важна одлука. Не можете да ја порекнувате вашата одговорност на блиска личност.
Работа:
Кога ќе ги усогласите вашите духовни интереси со практични цели, ве очекуваат позитивни резултати. Покажете повеќе чувство за практични вредности.
Здравје:
Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.

Вага
Љубов:
Треба да ги решите вашите емотивни дилеми, пред некој да ве фати „на дело“ или да ве изненади.
Работа:
Со премногу истакнување пред колегите привлекувате негативни коментари. Потрудете се да ја завршите работата што сте ја започнале.
Здравје:
Контролирајте ги вашите внатрешни конфликти.

Шкорпија
Љубов:
Нема причина да се сомневате во вашите чувства или во зборовите кажани од саканата личност. Изгледате премногу строго.
Работа:
Некој ви наметнува различни обврски. Избегнувајте јавна дискусија и ситуации кои ве заморуваат.
Здравје:
Ќе ви годи диетална или витаминска исхрана.

Стрелец
Љубов:
Ништо не е толку безопасно како што изгледа. Партнерот со будно око го следи вашето движење и однесување.
Работа:
Понекогаш различните обврски претставуваат голем товар, но не и оправдување за неисполнетите ветувања.
Здравје:
Избегнувајте ривалски односи.

Јарец
Љубов:
Изгледате вознемирено, тешко го наоѓате своето „мирно пристаниште“ и емотивниот одмор. Ви недостига доверба во една блиска личност.
Работа:
Избегнувајте непотребни возбудувања или обврски кои ве исцрпуваат психички и физички. Еден од соработниците може да го заврши и вашиот дел од работата.
Здравје:
Слободното време посветете го на интересна тема, акумулирајте позитивна енергија.

Водолија
Љубов:
Изгледате носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате жалење за некои пријатни или далечни спомени.
Работа:
Еден од соработниците тактизира и ја разработува деловната стратегија, а вие останувате да се занимавате со практичните аспекти и да преземете иницијатива.
Здравје:
Избегнувајте неумереност и бидете повнимателни во сообраќајот.

Риби
Љубов:
Важно е да се чувствувате удобно во кругот на семејството. Чувството на доверба или блискост буди некоја скриена сила во вас.
Работа:
Многу работи на деловната сцена изгледаат поинаку отколку што некои од соработниците ги претставуваат.
Здравје:
Ќе ви годи полесна исхрана, избегнувајте нездрава храна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата