(ФОТО) Каролина со внуките УЖИВА во Грција

15.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Каролина со внуките УЖИВА во Грција

Најголема слабост на Каролина Гочева се внуките, Инес која има три години и седумгодишната Луција. Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографии од одморот со внуките, на грчкиот остров Родос.

 

Каролина со радост сподели момент кога Инес и Луција јаваат магаренца во гратчето Линдос. 

 

„Па, како викаат, тетката е втора мајка и тоа не е далеку од вистината. Внучињата се мојата прва љубов и најголема радост и будат цел спектар на чувства кај мене. И со двете имам посебен однос и огромна љубов“, изјави Каролина во претходно интервју за Женски Магазин. Инес и Луција се ќерки на нејзината сестра Сандра и на зетот Иван и живеат во Битола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата