Тинејџер со нацистички симболи на облеката провалил во две училишта во Бразил и убил 4 лица

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџер со нацистички симболи на облеката провалил во две училишта во Бразил и убил 4 лица

Напаѓачот е поранешен ученик на државното училиште кое прво го нападнал пукајќи во група наставници, при што убил две лица, а ранил други девет. Потоа отишол во блиското приватно училиште, каде убил адолесцентка и ранил уште неколку луѓе. Тој е уапсен и ќе се соочи со обвиненија за убиство и тешко убиство во обид, соопшти полицијата. Нападот ја шокираше земјата која бележи пораст на престрелки во училиштата во последните години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата