Орбан ги наведе главните предизвици за Европа: Еве што мисли за континентот и рецесијата

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан ги наведе главните предизвици за Европа: Еве што мисли за континентот и рецесијата

Во услови на криза треба да се преземат мерки, а Унгарија сигурно нема да се предаде, нагласи Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е соочена со различни предизвици, вклучувајќи ја војната во Украина, економската криза како резултат и нелегалната и се понасилна миграција.

Коментирајќи ја војната, Орбан рече дека Европа е обединета во својата цел да ја спречи Русија да биде закана за безбедноста на Европа, но дека за тоа е потребна суверена Украина, пренесе МТИ.

Кога станува збор за средствата за да се постигне ова, особено санкциите, мислењата се различни, додаде тој, велејќи дека дискусиите ќе продолжат.

Орбан го изјави ова во видео обраќање на конференцијата на Извршниот комитет на Центристичката демократска интернационала (ЦДИ), чиј потпретседател е тој, што се одржа во Панама Сити, соопшти неговиот прес-секретар.

Во однос на економските прашања, тој рече дека краткорочна цел е да се избегне рецесија.

Орбан истакна дека земјите од Централна Европа веројатно ќе успеат да ја избегнат рецесијата, иако зголемувањето на цените на енергијата што произлегуваат од санкциите на ЕУ наметнати на Русија го отежнуваат тоа.

Во услови на криза треба да се преземат мерки, а Унгарија сигурно нема да се предаде, нагласи Орбан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата